Почина креаторот на Киндер јајцата

30.12.2016 | 15:25
Прочитано: 3136

Почина креаторот на Киндер јајцата, Вилијам Салис синоќа на 83-годишна возраст во италијанскиот град Павиа.

Салис, кој почна да работи во компанијата „Фереро“ во 1960 година, многу брзо стана десна рака на нејзиниот сопственик Микеле Фереро, таткото на Нутелата, кој почина минатата година.

Во седумдесеттите години од минатиот век италијанскиот произведувач на чоколадни бонбони се обиде да направи нешто ново наместо традиционалните чоколадни јајца чии калапи се користеле само за време на Велигден и така настанало Киндер јајцето. По повеќе од 40 години „Фереро“ продал милијарди Киндер јајца.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.