Почина највозрасниот човек на светот, Италијанката Ема Морано

15.04.2017 | 20:51
Прочитано: 11573

На 117-годишна возраст денеска почина највозрасниот човек на светот, Италијанката Ема Морано.

Таа беше последниот жив човек, роден во 19. век на 29 ноември 1899 година.

Морано почина во својот дом во италијанскиот град Вербанија.

„Таа водеше еден прекрасен живот и ние секогаш ќе се сеќаваме на нејзината сила за напредок“, изјави градоначалникот на Вербанија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.