Почина писателот Стојмир Симјановски

05.01.2017 | 10:14
Прочитано: 1842
Друштвото на писателите на Македонија соопштува дека денеска (среда, 4 јануари) во Кичево ненадејно почина писателот Стојмир Симјановски. Посмртните останки на Симјановски ќе бидат погребани утре (четврток, 5 јануари) во 12 часот на градските гробишта во Кичево.
Стојмир Симјановски е роден во с. Иваничишта, Кичевско, во 1937 година. Беше дипломиран филолог. Работеше во Дирекцијата за иселеништво на Република Македонија.
 
Член на Друштвото на писателите на Македонија беше од 1975 година.  Стојмир Симјановски како раскажувач, романсиер, драмски автор и фељтонист зад себе остави богат опус од 32 книги. Меѓу позначајните наслови во неговото творештво се романите „Вратата на сонот“, „Двојната Ева“, „Црвени утра“, и збирката раскази „Чесно дрво“. Беше автор и на дела од областа на научната фантастика со кои во македонската литература потполни евидентна празнина. Добитник е на наградата „11 Септември“ на град Кичево.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.