Почина познатиот српски пејач Предраг Гојковиќ Цуне

21.07.2017 | 19:13
Прочитано: 9178

Познатиот српски пејач Предраг Гојковиќ почина на 85. годишна возраст. Сопствениот на првата златна плоча во бивша Југославија, човекот кој знаеше најмногу песни и седум децениии остана верен на изворната и народната музика, замина тивко во легендите.

Добитник е на наградата Златен Микрофон за животно дело . За радио Белград има снимено преку 1000 песни иредовен учесник беше на сите фестивало на народна музика. Од дебито на радио Белград во далечната 1939 година, Цуне пееше и за време на окупацијата, како дете. Неговиот пат кон ѕвездите започна со легендарната песна Кафе свари ми мила, прва сингл плоча која достигна тираж од 100 000 примероци.

Покрај нардоната музика, успешно настапуваше и со забавни мелодии, а двапати се појави на филм во епизодна улога во „Јагоди во грло“ и “И господ ја создаде кафанската пејачка“. Интересниот прекар кој во предвод значи бакнува, го добил од другарите, бидејќи мајка му постојано го бакнувала и му зборувала “Дојди мајка да те бакне.“


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.