Почна мониторинг на медиумското известување за Локалните избори

24.08.2017 | 15:07
Прочитано: 1297

Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги (АВМУ), согласно Изборниот законик, денеска почна мониторинг на известувањето на радиодифузерите за Локалните избори 2017.

АВМУ соопшти дека до сите радиодифузери веќе е испратен допис во кој прецизно се информираат за обврските од Изборниот законик  до коишто треба да се придржуваат до започнувањето на изборната кампања. Ќе се одржат и посебни обуки. За начинот на известување на радиодифузерите Агенцијата ќе објавува извештаи за секој период од десет дена.

Методологијата за мониторинг и Изборниот законик се достапни на веб-страницата на Агенцијата (www.avmu.mk) во посебниот банер Избори 2017, каде ќе се објавуваат сите информации поврзани со локалните избори.

Од вчера, кога беа распишани изборите, тече рокот од пет дена во кој сите телевизии и радија кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање за време на изборната кампања треба да ги утврдат и достават ценовниците до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (преку архива или на електронската адреса contact@avmu.mk), како и до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата.

 

This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.