Почна расправата по ребалансот на буџетот во Kомисијата за финансирање и буџет

17.07.2017 | 13:47
Прочитано: 3125

По едночасовна пауза – ребалансот пред пратениците. Ребалансот на буџетот предложен од владата е на дневен ред на собраниската комисија за финансирање и буџет.

Осумстотитни и четириесет амандмани стигнале до собраниската комисија за финансирање и буџет -  706, поднела ВМРО-ДПМНЕ, додека останатите  134 амандмани се од партии од албанскиот политички блок.

Пред членовите ребалансот го образложи министерот за финансии Драган Тевдовски кој рече дека основна цел на предложениот ребаланс е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на политиките на новата влада.

Вкупните приходи во првите шест месеци се 86,4 милијарди денари што е 46 отсто во однос на планираното, а расходите се 94,6 милијарди денари. Министерот истакна дека на расходната страна сериозно намалување има кај расходите за стоки и услуги кои се скратени за 2 милијарди денари во однос на иницијалната проекција.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.