Почнува ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица посветен на актерската игра

08.09.2017 | 14:03
Прочитано: 913

Со косовската престава „Коските што доцна доаѓаат“ во режија на македонскиот режисер Мартин Кочовски, вечерва во Струмица започнува 25 тото издание на интернационалниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ кој што е посветен на актерската игра. Во наредните пет дена во Струмица ќе настапат 30 тина актери од 13 театарски претстави од земјава Бугарија, Србија, Косово и Босна кои подеднакво ќе конкурираат за наградата  за најдобро актерско остварување „Ристо Шишков“. За истата  ќе одлучува меѓународно жири предводено од минатогодишниот лауреат Зијах Соколовиќ кој во Струмица ќе ја промовира книгата „Глумецот е глумец“.

„На репертоар ќе имаме тринаесет претстави, една изложба и една промоција.  Се надевам дека ќе допреме до публиката,  се надевам дека струмичани ќе уживаат во овие пет дена во театарските изведби на театрите од Србија, Бугарија, Македонија, Косово и од Босна и Херцеговина. Кога се правеше селекцијата и програмата се мислеше на неколку сегменти да имаме моно драми, пантомима, музички претстави и од тие причини годинава присутна е и Македонската опера и балет со една музичка корео-драма“, изјави Ванчо Ристов Патриков – директор на ФКТ Ристо Шишков.


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.