Почнува Струмица опен фест

03.08.2017 | 12:49
Прочитано: 2120

„Направено со љубов“ е мотото на шестото издание на културно музичкиот фестивал Струмица опен фест кој вечерва и официјално стартува и ќе трае до 13 август.

На шест отворени сцени во Струмица ќе се одржат 15 културни настани  и 20 музички концерти со над 80 артисти, сликари, поети и  пејачи  и музички групи. За организаторите годинава е најобемна програмата.

За организаторите фестивалот  е своевидно културно лето во Струмица кој очекува да привелече над 150 илјади посетители  кои секоја вечер ќе ужиуваат во богатата културна и забавна програма.

Годинава фестивалот ќе чини околу 150 илјади евра од кои 50 ги обезбеди општина Струмица со одлука на Советот.


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.