Подобар клалитет но слаб род на грозјето

18.08.2017 | 09:38
Прочитано: 2087

Винарските визби најавуваат откуп на целиот годишен род од грозје, но по ланска цена. Лозарите бараат зголемување на откупните цени и велат дека иако бербата наскоро треба да почне, ниту министерот за земјоделство, ниту винарите не ги повикале на состанок.

„Доколку не повикаат на разговор во Министерството за земјоделие ние ќе заземеме некои наши ставови па ќе видиме како во однос на сето тоа ќе наидеме на разбирање со винариите. Вранецот не би требало да биде под 16, а Смедеревката под 14 денари по килограм. Министерството за земјоделие треба да ги испита европските пазари и дали има можност да се покачат кај нас“, Љупчо Аризанов, претседател на Агротиквешија.

Престојниот откуп на грозјето, проблеми со ликвидноста и огромните залихи, беа главни теми на денешниот прв состанок на винарите со министерот за земјоделство Николовски.
Преставниците на винарниците најавија откуп на целиот род од годинешната реколта, кој споре нив е мал, но со висок квалитет.

„Има измрзнување кај одредени сорти и тоа е факт и кај одредени сорти можно е да има  и зголемување на цените кај поквалитетните сорти, а не очекуваме поголемо зголемување на цената од лани кај Вранецот и Смедеревката кои се клучни сорти за Македонија“,Никола Деребанов, винарска визба Стоби.

Министерот Николовски со ветување до винарниците дека ќе се намали непотребниот инспекциски притисок, но и дека наскоро ќе ги добијат дополнителните 2 и 3 денари субвенции кои веќе требаше да се исплатат.

„Со линеарното зголемување на субвенциите од десет проценти, уште во оваа година, која што ги опфаќа и лозарите, а исто така ги информиравме и винариите дека е во процедура исплатата  на дополнителните субвенции од 2 и 3 денари“, Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Според министерот откупните цени на грозјето ќе ги дефинира пазарот, но сепак се очекува тие да го достигнат ланското ниво.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.