Полицаец пукал во седумнаестгодишници, едниот тешко повреден

12.08.2017 | 22:45
Прочитано: 19757

Внатрешната контрола при МВР и истрагата на која се работи  треба да утврди дали имало пречекорување во овластувањата од страна на полицаецот кој вчера  со службениот пиштол рани две малолетни момчиња од Радовиш кај градската капела  во  Струмица, а друг пукал во воздух како предупредување. 

Јавното обвинителство се уште работи на прибирање на докази кои треба да  го расветлат  инцидентот  кој можеше да заврши  фатално за 17 годишното момче кое со уште тројца негови другари  бегале од полицијата осомничени за кражба кај браната Мантово.  Јавното обвинителство и денеска прибираше докази,  а  ќе им бидат земени и изјави на сите инволвирани.

Ова е локацијата каде радовишките момчиња биле пресретнати од струмичката полиција со две возила. При обидот да бидат приведени  наводно едно од момчињата го нападнал  полицаецот кој пак како што кажал во самоодбрана испукал куршум  при што ранил две момчиња. Истрагата треба да расветли како дошло до пукање од службениот полициски пиштол.

Седумнаесетгодишното момче  со прострелна  рана во градниот кош, уште синоќа беше префрлено во скопските клиники.  Другото малолетно момче во чија нога завршил куршумот  бил опериран и се наоѓа во добра здравствен состојба.

„Во расчистувањето на случајот веднаш е вклучена и Внатрешната контрола на МВР за да се испита постапката на полициските службеници. На лице место се испратени и повеќе тимови од Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења од Скопје. По наредба на Јавниот обвинител, земени се двата пиштола од полициските службеници за балистичко вештачење  и е задржан полицискиот службеник за понатамошна постапка“, се вели во соопштението на МВР.

Момчињата од Радовиш се обиделе да ограбат викендица кај браната Мантово радовишко а бегале со моторно возил опел со словенечки регистарски ознаки.


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.