Политичката криза ги избрка странските инвеститори од берзата

21.04.2017 | 18:32
Прочитано: 2305
Политичката криза удри и по берзата. Пад и нестабилност е евидентирана и во бизнис тргувањата сметаат експертите. 
 
Се помалку инвеститори се интересираат за Македонија а и тие кои постојат полека ги откажуваат инвестициите. Пазарот се потпира исклучиво на домашните инвеститори.
 
,,Во aприл тенденциите и движењата се со успорена динамика, имаме мал пад на цените што покажува дека состојбите се доста фрагилни затоа што, неекономските фактори, влијанието на пролонгираната политичка криза дефинитвно не влијае позитивно на бизнисите” – вели Иван Штериев, извршен директор на Македонска берза.
 
Неповолна е ситуацијата и на српскиот пазар за финансиски тргувања ,светската економска криза и политиката вроди лабилна бизнис почва и финансиски неписмена младина вели Синиша Крнета од Белградска берза.
 
,,Имаме политичка криза а и финансиски неписмена младина,а таму каде што има било каква криза не доаѓа капитал и се случува апстиненција во инвестициите и го разбирам тој процес. Јас да треба сега да инвестирам во земја која има политички проблем ќе се консултирам со граѓаните па дури и потоа ќе бидам многу претпалив” - вели Крнета.
 
Дел од експертите сметаат дека македонските компании веќе се навикнале на постоечката ситуација и нашле соодветни методи кои ги вадат од загуби но само на кратки стази. Што подолго трае кризата во земјава, толку е поголем ризикот таа да биде погубна за бизнисите и воопшто за целокупното тргување на берзите.
 
На долг рок таа недефинирана состојба воопшто во државата не влијае позитивно посебно во странските директни инвестиции,а и секако во домашните компании кои се суштински чинител на македонската економија – вели Горан Маркоски, Друштво за управување со инвестициски фондови.
 
Инаку новитетите и трендовите во фондовската индустрија, колективните платформи за финансирање, влијанието на новите технологии во финансискиот сектор се дел од темите на 18 тата годишна конференција на макњдонска берза која се одржува во Охриф. Присуствуваат експерти од Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија. 

Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.