Поплавените од Илинден се борат со снегот

11.01.2017 | 20:34
Прочитано: 5314
Половина година по летните поплави кои го зафатија Скопје, граѓаните кои настрадаа се уште не можат да го вратат својот живот во нормала.
 
Водената стихија му го уништила домот на чичко Круме од Илинден и му ги нагризала темелите на куќата. За шетата која се проценува на 15.000 евра, државата му исплатила обештетување од само три илјади и петстотини евра. 
 
По водената катастрофа, сега граѓаните на Илинден се справуваат со снежните проблеми. Замрзнати улици, затрупани тротоари и завеани населби. По снежниот бран илинденчани велат дека само сонцето им е спас. Возачите кои доаѓаат од внатрешноста на општината велат дека мораат да се движат со голема претпазливост. Дел од граѓаните пак помирени, замрзнатите улици му ги припишуваат на студеното време. 
 
Градоначалникот вели дека општината прави се што може да ги оспособи улиците. Најгорлив проблем за жителите на оваа општина е немањето канализациона мрежа поради што се приморани да користат септички јами. Од 17.000 жители само пет илјади се приклучени на мрежата.
 
„Досега овозможивме на 5000 жители да ја користат канализационата мрежа. За да реши овој проблем потребни се и од останатите институции“  - вели Живко Стојановски, градоначалник на Општина Илинден
 
Поради неисчистениот снег не може да се препознае каде завршува улицата, а каде почнува тротоарот. Велосипед, велат граѓаните, не можат ниту да помислат да користат. До населбите Јака и Кадино се стигнува по лизгави коловози.
 
Во населбата Јака во општина Илинден, сеуште нема елементарни услови за живот. Не е трасиран патот ниту за водоводна мрежа, ниту за канализација, ниту за струја. Јака е деновиве завеана во снег. Општината, пак, ја продава оваа населба како елитна.

Маја Васева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.