Популарната мелодија на „Нокиа“ датира од 1902 година

07.03.2017 | 10:39
Прочитано: 2745

Шпанскиот гитарист од почетокот на 20-от век, Франциско Ратега во 1902 година ја компонирал мелодијата „Гран Валс“ за која не ни можел да претпостави дека ќе стане глобално позната еден век подоцна. 

Станува збор за композиција која денес на многумина им е позната како мелодија на „Нокиа“, односно „Нокиа Тјун“.

Иницијатор оваа мелодија да стане заштитна нумера на „Нокиа“ е Анси Ванјоки, кој подоцна изјави дека не очекувал оти таа ќе стане толку популарна.

Позната „Нокиа Тјун“ првпат се појави во реклама на финската компанија за моделот „Нокиа 1011“ во 1993 година, а таа како „ринг тон“ првпат беше вклучена во „Нокиа 2110“ една година подоцна.

Во првото промовирање како тон за ѕвонење мелодијата беше именувана како „Тајп 7“ и фигурираше под тоа име се до 1999 година, кога официјално беше преименувана во „Нокиа Тјун“.

По популаризацијата на моделите на „Нокиа“ по 2000 година, оваа мелодија стана еден вид заштитен знак на финската компанија. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.