Поранешната директорка незаконски трошела на сметка на скопскиот центар за вработување

13.09.2017 | 19:16
Прочитано: 5156

Од козметика, цигари, милка чоколади до јајца од препелица и свежа риба. Раководителката на Центарот за вработување на Град Скопје – Слободанка Алексоска лани потрошила 7.000 евра државни пари за луксузирање.

Со пари од Центарот, Алексоска пазарела во маркети, молови, аптеки, а плаќала и сметки над 100 евра во ресторани. Користела и две службени возила надвор од работното време. Со службените возила одела на годишни одмори и викенди.

Фискачните сметки денеска ги извади директорката на АВРМ – Билјана Јовановска и најави дисциплинска мерка за поранешната раководителка на скопскиот завод за вработување. Во меѓувреме се комплетира и документацијата по што ќе и биде поднесена и кривична пријава.

„Сто ова покажува дека какви неодговорни лица раководеле со агенцијата за вработување. Во изминатиот период, злоупотребувале државни сретства, пари од граѓаните за лични потреби, оставајќи зад себе хаос и штета. Законот важи за секого.“ - вели Билјана Јовановска - Директорка на АВРМ.

Алексоска пак ги отфрла обвинувањата. Вели дека целото работење во Агенцијата и трошењето на средствата било законско и прописно.

„Целото работење во Агенцијата било согласно законските прописи вклучувајќи го и трошењето на средствата кои што ни следуваат. Навистина не знам за што се работи. Јас имам и ревизија од Државниот завод за ревизија и за 2015-та и за 2016-та година каде што имам позитивна забелешка за уредно работење така што овие обвинувања се докажуваат со еден извештај.“ .- вели Слободанка Алексоска.

Од Агенцијата за вработување информираат дека во тек се ревизии за обезбедување докази за многу неправилности во раководењето и работењето во Агенцијата за што најавуваат преземање на соодветни законски мерки.

Алексоска со писмено соопштение се обрати и до медиумите.

Денес имавме повторно лажни обвинувања, изнесување на невистини со цел да се нанесе штета на угледот на раководни и стручни лица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а да се покрие незаконското работење и незаконското прераспоредување на кадри од страна на СДСМ. ВД Директорот Билјана Јовановска на ден 17.08.2017 година го прекршува Изборниот Законик и Законот за јавни службенци и со Известие спротивно на Законот за општа управна постапка Раководителот на Центар за вработување на град Скопје го преместува на пет позиции пониско, како и го остава Центарот во хаос и безредие со тоа што на раководното лице му забранува да извршува надлежности од еден највисок управен акт Решение за работа и Договор за вработување.

Во ист ден се носи одлука за Ревизија и се отвара инструирано дисциплински постапки против Г-ѓа Алексовска кои што како и во соопштението на Јовановска е наведено дека ќе продолжат по завршување на изборите. Целта е јасна да се избркаат од работа сите поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Со прекршување на основните стандарди за вршење ревизија се прави упад во Центарот со цел да се изнесат фотокопии за да се манипулира со нив во јавноста, не е запазени стандардите и законската процедура за вршење на ревизија, а можно е и подметнување на документи, за што ќе се поведе постапка против сторителите. Извршен е и насилен упад и вербален напад по наредба на ВД Директорот Јовановска во канцеларијата на Раководителот во присуство на пет сведоци за што е пријавено и регистрирано ПС Центар и против сторителите ќе биде поведена постапка пред надлежните судови. Раководителот има добиено лични навреди и закани за што ќе биде започната постапка пред надлежен суд за вознемирување на работно место и повреда на личниот углед, неприкоснованост на животот, и право на политичко делување. Насилието и незаконското деградирање од страна на власта продолжува.“


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.