Пораз на македонските ракометарки од Бразил на „Трофеј Карпати“

24.11.2017 | 20:50
Прочитано: 449

Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз од Бразил го почна настапот на „Трофеј Карпати“ што се игра во романскиот град Крајова. Македонија загуби со 19:32.

Во првиот дел избраничките на селекторот Симе Симовски беа равноправен ривал пред се на добрата игра во одбрана. Бразил на полувреме водеше со 16:13.

Во второто полувреме на голот на Бразил застана Мајса Песоа (поранешна голманка на ЖРК Вардар), која успеа да им помогне на своите ракометарки да ја зголемат разликата. Во финишот на дуелот Македонија беше во двоцифрена негатива (18:28 во 54.минута).

Нашата репрезентација утре игра против домаќинот Романија, а во недела за ривал ја има селекцијата на Полска.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.