Портокалово предупредување поради невреме во неколку француски и холандски региони

13.09.2017 | 10:52
Прочитано: 3161

Француската метеоролошка служба објави зголемено портокалово предупредување во седум источни департмани во земјата поради опасноста од поплави по обилните дождови.

Исто така, и холандскиот Метеоролошкиот институт издаде портокалово предупредување поради силните ветрови.

Се претпоставува дека ветерот во западните делови на Холандија ќе достигне брзина од 120 километри на час.

Поради невремето, аеродромот „Схипхол“  досега откажа речиси 60 летови во Европа.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.