Последен ден за поднесување кандидатски листи за локалните избори

14.09.2017 | 10:16
Прочитано: 1201

Денеска на полноќ завршува рокот за поднесување на кандидатските листи за локалните избори. Општинските изборни комисии пак имаат рок од 48 часа од приемот на листата на кандидати да утврдат дали таа е поднесена во соодветниот рок и дали е составена во согласност со одредбите на изборниот законик.

Најдоцна до 21 септември општинските изборни комисии треба да ги објават листите на кандидати за членови на совет и за градоначалник. Шестите локални избори се закажани за 15 октомври а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во градот Скопје. Изборната кампања ќе почне на 25 септември на полноќ и ќе заврши на 13 октомври.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.