Кривичен суд бара потерници за осомничени за 27 април

18.12.2017 | 17:44
Прочитано: 2413

Кривичниот суд денеска испратил барање за да се распише потерница за Митре Питроповски, еден од петтемина осомничени за настаните од 27 април, кои не беа најдени од отворање на истрагата, дознава тв 24.

По петнаесетдневната потрага полицијата во четвртокот го известила кривичен дека сите петмина осомничени не се најдени на предложените адреси. Според нашите информации се очекува барања за распишување на потерници до МВР да пристигнат и за останатите четворица осомничени, Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Дејан Давиводвски дешо и Младен Додевски.

Останатите 27 мина притворени се во притворското одделение во Шутка, меѓу нив се и тројца пратеници, а во куќен притвор се четворица осомничени. На сите 36 лица им се става на товар делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.