Потрошувачката се намалува, цигарите се поскапи

19.04.2017 | 18:42
Прочитано: 4245
Скапотијата и сиромаштијата ја намали потрошувачката на цигари. Според тутунската индустрија падот се движи од 2 до 4 проценти на годишно ниво. Произволни пресметки пак велат дека просечен Македонец пуши помеѓу 18 до 19 цигари дневно.
 
„Тој пат се движи некаде помеѓу 2 и 4 отсто годишно. Сакам да напоменам дека треба да го имате предвид и падот на консумацијата тутунски производи генерално во светско ниво, посебно во Европа“, изјави Кирил Величковски, регионален директор на „Империјал Тобако“.
 
Од Империјал Тобако, еден од најголемите производители во земјава, велат дека портошувачката е намалена меѓу другото и под влијание на кампањите за штетност на цигарите кои ги одвраќаат граѓаните од пушењето.Оттаму не откриваат дали цената на цигарите ќе претрпи нови измени до крајот на годинава. 
 
„Постои календар и сите знаеме кога се зголемува акцизата, но на одлуката за зголемување на цените влијаат многу различни фактори и не можеме во овие моменти да коментираме дали ќе се зголеми или не малопродажната цена на цигарите“, изјави Стеван Вранеш, сектор за корпоративни и правни работи на „Империјал Тобако“.
 
Цигарите во Македонија поскапуваат секоја година согласно календарот за зголемување на акцизите. Последно поскапување цигарите имаа минатата недела кога цените на неколку бренда се зголемија за пет денари. Согласно календарот до 2023 година акцизата ќе се зголемува секоја година за четири денари по кутија. Ново поскапување се очекува од јули. 
 
Според одредени проценки во Македонија пуши 37 отсто од населението што ја става земјава на врвот во Европа по бројност, а годишно се трошат над 90 милиони евра за цигари.

Маја Васева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.