Повеќето општини во Косово ќе добијат градоначалник по вториот круг

23.10.2017 | 09:56
Прочитано: 746

Во повеќето косовски општини ќе мора да се одржи втор круг, откако ниту една партија не успеа да доминира во првиот круг локални избори кој се одржа вчера. Изборите се сметаа за прв тест за новата Влада предводена од Рамуш Харадинај.

Во трката за Приштина, градоначалникот Шпенд Ахмети, кој доаѓа од партијата Самоопределување, не успеа да победи во првиот круг откако се соочи со силен предизвикувач од Демократската лига на Косово (ЛДК), Арбан Абраши. Ахмети освои 44 проценти од гласовите, недоволно за победа уште во првиот круг, а Абраши има 35,7 проценти.

Самоопределување има кандидати во вториот круг и во Призрен и Гњилане, каде повторно ќе има соочување меѓу Самоопределување и ЛДК. Трите владејачките партии од таканаречената „воена коалиција“ имаат кандидати во вториот круг во Призрен, Пеќ, Митровица и Ѓаковица.

Српската Листа очекувано доминираше во мнозински српските општини, во северна Митровица, Лепосавиќ, Звечане, Зубин Поток, Граѓаница.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.