Повторно гори депонијата во Струга

18.08.2017 | 09:40
Прочитано: 1242

Повторно запалена струшката дива депонија. Од синоќа големи црни облаци ја надвиснаа Струга, ветрот го разнесува чадот  низ целото крајбрежје на езерото, а граѓаните се се повеќе  револтирани што и после два месеци ветувања за спас на градот , решение нема, а тие повторно се гушат во неподнослива миризба. Од здружението Доста велат дека овој пат причина за пожарот не е човечки фактор туку зголеменото одлагање на отпад во текот на туристичката сезона. Бараат во рок од 10 дена депонијата да се затвори за нов отпад.

„ Во името на граѓаните на Струга бараме, под еден: 10 дена струшката депонија да се затвори за нов отпад, односно отпадот од Струга да се транспортира на друга депонија како што беше ветено до владата на РМ. Под два да се заштити депонијата од нови запалувања до нејзина дислокација“, вели  Ардијан Демири – Од Здружение „Стружани за Струга“

И после два месеци ниту локалната ниту централната власт не дава точни рокови и решенија за проблемот со депонијата. Изминатиот период беа разгледувани неколку можни  решенија : да се носи сметот до Дрисла во Скопје или пак да се набави механизација која би останала за комуналното претпријатие во градот. На 28 јули Владата донесе одлука да се набават средства за компресирање и транспорт на отпадот но до денес тоа не се спроведе се жалат стружани.

„Нашите апели претходно упатени до надлежните за што побрза набавка на големи прес контињери  по се изгледа не вродија со плод би сакале да потенцираме дека со секој нов одложен ден количеството на ново одложен отпад во струшката дива депонија се повеќе се зголемува и со тоа пропорционално се зголемува опасноста од спалување на депонијата“, вали Глигор Ќато - Здружение „ДОСТА“.

Депонијата се потпалува речиси цело лето, во екот на туристичката сезона, а смет и понатаму се носи и тоа во зголемени количини. Пред неполн месец полицијата депортираше Албански државјани за кои се веруваше дека се директни потпалувачи  на депонијата но иако состојбата за кратко се среди,сега повторно се јави стариот проблем. Едно од решенијата беше и изградба на регионална депонија во Дебрца за кое согласност даде и ЕУ но таквиот предлог беше неприфатлив за жителите од таа општина.Сега граѓаните повторно бараат помош и од Владата но и од министерот Дураку итно да се позанимаваат со проблемот  инаку тие ќе ја превземат работата во свои раце и повторно ќе излезат на протести.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.