Пожар во дворот на касарната во Охрид

11.09.2017 | 19:42
Прочитано: 1475

Попладневo изби пожар во дворот на поранешната воена касарна во Охрид. Опожарена е тревната површина и боровите стебла од засега непознати причини. Огнот веднаш е локализиран а во негово гаснење освен екипите од охридската Противпожарна единица, помогнаа и жителите од околните објекти но и обилните врнежи од дожд.

Од противпожарната служба потенцираат дека огнот е изгаснат,опожарена е само трева и нема поголеми штети.Апелираат до медиумите да не шират дезинформации дека населението е во опасност,место за паника нема.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.