Пожар во Охрид

10.01.2017 | 19:48
Прочитано: 1429
На -20 останаа под ведро небо. Вчеравечер  на поларни температури страотен пожар во центарот на Охрид му го пеплоса домот на семејството Садик. Пламените јазици започнале од оџакот а по кратко време  целосно им ја унистиле покуќнината, облеката  сите вредни работи нивните спомени.
 
Низ солзи, сестрите  Садик велат дека пожарот немало да биде фатален ако противпожарните екипи стигнеле навреме, а не по доцнење од половина час.
 
Од против позарната служба пак демантраат, велат дека интервенирале навреме и го спречиле проширувањето на пожарот кон соседните куќи.
 
Во меѓувреме, семејството се надева  апелира на помош од хуманите луѓе и надлежните институции студените денови да не ги помине на улица.
 
Утринава помош стигнала од Црвениот крст, неколку великодушни соседи и граѓани кои на семејството му понудиле привремено  ноќевање. Попладнево финансиска помош за смејството вети и градоначалникот, а деновиве ке се знае со колкава сума општината ке ја помогне израдбата на нов дом за семејството Садик.

Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.