Пратенички препукувања: Димовски контра Николовски

21.04.2017 | 18:54
Прочитано: 9511

Патриоти и предавници кој ги загрозува националните интереси, а кој ги брани? бинационална или мултинационална држава, бројни реплики и контрареплики меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и понекоја од СДСМ и ДУИ, на 16-тото продолжение на конститутивната седница.

Платформата на албанските партии и натаму беше наметнувана како главна тема во Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, додека нивните колеги од коалицијата предводена од СДСМ и денес со веќе познатата стратегија на не толку чести јаувања за говор. Сепак, не изостана делот на релација лични навреди и препукувања.

„СДСМ мора да даде одговор, каков договор има Заев со Еди Рама. Зошто Рама се фали дека тој е близок со Заев и што да му каже рама, Заев ќе го послуша?“ - изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога ќе дојдат другите прашања на дневен ред, тогаш ќе дебатираме, да не ја блокираме институцијата. се гледа кој ја блокира државата.“ - изјави Ејуп Халими од ДУИ.

И ова продолжение на седницата, наликуваше на изминатите досегашни. Претседавачот Вељаноски побара од пратениците да не ги злоупотребуваат процедуралните јавувања, а седницата и натаму е далеку од разгледување на точката за избор на собраниски спикер.


Гаврил Сирачевки
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.