Пратеникот Арнаудов не сака да коментира

17.07.2017 | 17:47
Прочитано: 8256
Останаа ли донаторските активности на охридските пратеници и нивната инволвираност во крвавиот собраниски четврток енигма за јавноста?
 
Пратеникот Арнаудов и по шест месеци од отворањето на истрагата на СЈО за донациите се брани со молчење ниту пак сака да коментира дали се одзвал на поканата за распит иако СЈО од Охрид во февруари си замина со полни раце материјал. Истиот тој пратеник два месеци подоцна беше снимен како заедно со колегите Мукоски и Василески е директно вмешан во инцидентите во Собранието од крвавиот четврток.
 
На видеоснимките кои излегоа во јавност, Арнаудов беше еден од пратенциите кои во холот ги пречекуваа демонстрантите со кренати раце и ги насочуваа каде да се движат откако другите двајца веќе ги отворија вратите. Иако тогаш изјави дека не е се како што изгледа, денеска одби да го коментира неговото однесување и рече дека за случувањата од Собранието одлучуваат надлежните институции и додека тие јавно не изнесат мислење тој нема да дава никаков коментар во однос на тоа прашање.
 
„Ова е тема која е во интерес на граѓани и обвинителството ќе си постапи како што ќе реши Ние сме тука и ништо да не прејудицираме“ - вели тој.“
 
Од ЈО сеуште не соопштуваат дали е започната  истрага за инволвираноста на неколкумината пратеници во инцидентите од 27 ми април. Досега се процесираа 9 кривични пријави за учество во толпа - но сите обвинети поминаа со условна казна. Само против двајца се поднесени криивчни пријави дека извршиле убиство во обид против лидерот на ДПА, Зијадин Села.
 
Од снимките обинителството  утврди дека за време на крвавиот четврток дејствувала организирана група па во истрагата се вклучи и oбвинителството за организиран криминал, а снимките и доказите се префрлија кај нив. Тогаш извори за ТВ 24 инфомираа дека ќе се истражува улогата и на пратениците од снимките но до денес нема информација за почетокот на истрагата против нив.

Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.