Пресудата за „Диво насеље“ одложена за 2 ноември

13.10.2017 | 15:43
Прочитано: 697

Скопскиот Кривичен суд по барање на Министерството за внатрешни работи го презакажа објавувањето на пресудата за „Диво насеље“ за 2 ноември, поради ангажираност на полицијата за време на локалните избори. Судското рочиште беше закажано за 17 овој месец.

„Денес на 13.10.2017 година во 13:45 часот во Основен суд Скопје 1 Скопје е пристигнато барање од Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност, во кое е наведено дека поради зголемен ангажман на МВР поврзан со обезбедување на локалните избори и обезбедување на делегации од странство во Македонија, а при кои обезбедувања се ангажираат голем број полициски службеници, судското рочиште закажано за 17.10.2017 година по предметот II КОК.бр.127/15 и II КОК.бр.35/16 и судското рочиште закажано за 19.10.2017 година по предметот и I КОК.95/16, на кои треба да се објават пресудите по овие предмети, да се одложат за друг термин после 01.11.2017 година, се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Имајќи го предвид ова барање, како што посочуваат од Судот, објавата на пресудата се закажува за 2 ноември во 10.30 часот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.