Претепани новинари на протестот

03.04.2017 | 10:52
Прочитано: 66073
Новинари на А1он брутално претепани по завршувањето на вечерашниот протест кој го организира иницијативата за заедничка Македонија. Според очевидци учесници на протестот ги нападнале новинарите пред нивната редакција ги оштетиле камерите, а еден од известувачите на порталот бил во конфузна состојба и се пожалил на повреди, по што интервенираше брзата помош.
 
Барањата на демонстрантите се партиите да усвојат платформа која ќе им оди во прилог на сите граѓани и да нема двојазичност на ниво на цела држава.
 
Поминувајќи покрај штабот на ВМРО-ДПМНЕ тие ги повикаа сите партии да им се приклучат во борбата за одбрана на земјава. Протестот беше најавен како непартиски, сепак во првите редови имаше функционери и активисти на ВМРО- ДПМНЕ, а извори на ТВ 24 брифираат дека, во наредните денови, партијата и официјално ќе се приклучи на протестите.
 
Вербални напади кон новинари на неколку медиуми меѓу кои и новинарот на ТВ 24 имаше и на претходниот протест и покрај тоа што организаторите најавуваа мирен марш.
 
Влатко Желчевски и Александар Тодевски се новинарите кои беа повредени при крајот на протестот и биле нападнати од зад грб. Напаѓачите веќе се приведени на информативен разговор. Најпрвин од нив напаѓачите побарале легетимации, а кога дошло до момент на снимање на албанските банкноти, тие ги нападнале. 
 
Од „а1он“ велат дека ќе поднесат пријава против организаторот, граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ и ќе бараат надомест на штетата, од како што кажаа, дивјачкото и примитивно однесување.
 
Во Ургентниот центар беше и претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Последните информации велат дека според рентген снимките нема скршеници, но препорачува повредените да останат преку ноќта во болница. Констатиран е кај едниот благ потрес на мозокот, а повеќе информации се најавуваат за утре, како и прес конференција. Од МВР сеуште не даваат информации, но според Селмани, не само еден, туку повеќе лица биле повикани на информативен разговор.
 
 
This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union. 

Христијан Баневски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.