Претставување на Темелковски и Тарчуловски во Кисела вода

11.10.2017 | 17:40
Прочитано: 4132

Три дена пред крајот на предизборната кампања, кандидатите за градоначалници на Кисела Вода меѓу граѓаните. Филип Темелковски од СДСМ и Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ пред жителите на општината ги презентираат проектите со кои ја бараат нивната доверба. Телевизија 24 побара влез во изборните штабови на двајцата кандидати, местата каде се подготвува логистиката.

Вратата на изборниот штаб ни ја отвори едиствено Филип Темелковски. Од ВМРО-ДПМНЕ одлучија да не дозволат да се сними изборниот штаб на Јохан Тарчуловски. Во штабот на Темелковски, кандидатите за советници, членовите на партијата и самиот кандидат за градоначалник договараат како ќе настапуваат во завршниот дел од кампањата. 

Темелковски вети враќање во функција на сите оддели во поликлиниката во Драчево и најави изградба на нова во Расадник, гасификација, градинки, атмосферска и фекална канализација во Припор.

„Покрајинфраструктурните проекти што ги имаме предвидено во програмата, клучно е новиот начин на функционирање на нашата општина, каде планираме да ја отвориме заграѓаните и со нив да видиме кои се приоритетни објекти што ќе треба да се прават. Сакаме нов концепт на работа. Наотворена општина, секојдневни посети на месните заедници и преку отворените денови на градоначалникот и администрацијата ќе покажеме како може да се решат проблемите во општина.“ - вели Филип Темелковски.

Тарчуловски пак, ветува интернет за пензионерите, изградба на спортско рекреативен центар, градинки, како и бесплатен престој во градинките за деца од еднородителски семејства и деца со пречки во развојот.

„Нудиме програма која носи просперитет и развод, програма со која секоја педа од Кисела Вода е опфатена, програма со која и руралниот и урбаниот дел ќе блеснат во полн сјај. Ќе донесеме детални убанистички планови и ќе ја забзаме легализацијата на дивоградбите и асфалтирање на сите улици.“ - вели Јохан Тарчуловски.

Двајцата кандидати се надеваат на победа во една од најголемите општини во Скопје, општината во која последните четири мандати довербата ја освојуваат кандидатите предложени од ВМРО-ДПМНЕ.


Александар Тодески
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.