Принцот Хари и Меган ќе се венчаат во мај

30.11.2017 | 17:59
Прочитано: 6075

Кралска палата на Велика Британија во понеделникот соопшти дека принцот Хари (33) и холивудската актерка Меган Маркл (36) и официјално ќе стапат во брак. Свадбата наместо првично како што беше планирана за април, ќе се случи во мај, бидејќи во април треба да се породи војвотката Кејт со нејзиното трето дете. Веста беше соопштена од кабинетот на таткото на Хари, принцот Чарлс.

Во соопштението се наведува дека Хари и Меган се вериле на почетокот на месецот дека 36-годишната Маркл ја запознала кралицата Елизабета Втора и дека Хари добил одобрување од нејзините родители. Според традицијата, и Хари морал да побара дозвола од баба му, бидејќи првите пест директни наследници на престолот мора да побарат дозвола за брак од кралицата. Принцот Хари е петти во линијата на наследство на британскиот престол, по неговиот татко, принцот Чарлс, брат му, принцот Вилијам, внуците од брат му принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

Хари и Меган се запознаа минатата година, а три месеци ја криеја врската. Откако весникот Сан ги откри, Хари беше принуден да побара и обезбедување за Меган и јавно побара од папараците да не ја опседнуваат, како што тоа го правеа на неговата покојна мајка, принцезата Дијана. Свадбата наместо во Вестминистерската опатија, ќе се случи во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор. Свршувачката Хари и Меган ја објавија во градината на Кенсингтонската палата. По Грејс Кели, Меган е втората американска актерка која ќе се омажи за европски принц.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.