Присилна наплата

12.09.2017 | 17:42
Прочитано: 13475

Се помалку граѓани плаќаат радиодифузна такса. Наплатата се намали откако новата Влада најави дека ќе ја укине оваа давачка. Од вкупно 470 илјади обврзници, само 100 илјади редовно ги плаќаат сметки, велат од УЈП. Но радиодифузната такса мора да се плаќа се додека во Собранието не се изгласа предложениот закон, тврдат доничниците, зашто долговите нема да застарат, а Управата присилно ќе ги наплаќа.

„Обврзниците имаат законска обврска во рамките на утврдените рокови да ја плаќаат радиодифузната такса и да ги подмират сите заостанати долгови до датумот кога таа ќе биде укината, односно стапување на сила на новото законско решение. УЈП има законска обврска да ја наплаќа таксата и да ги спроведува сите постапки за обезбедување на редовна и присилна наплата на оваа јавна давачка.“

Во првите шест месеци од годинава УЈП наплатила 86 проценти, односно собрала пет и пол милиони евра. Тоа е скоро 14 отсто помалку од лани и од она што било планирано за годинава. Укинување на радиодифузната такса предложија и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но и Министерството за информатичко општество и администрација. Законите на пратеничките групи, кои се целосно идентични, се веќе во Собранието. Во нив е предвидено Македонската радиотелевизија да се финансира директно од буџетот со 0,5% од вредноста или 14, 3 милиони евра на годишно ниво. За разлика од предлозите на пратениците на власта и опозцијата, Министерството за информатичко општество предлага за МРТВ да се издвојуваат 0,7% од буџетот.

Неизвесно е кога ќе се укине радиодифузната такса. Пратениците од власта велат дека граѓаните во октомври нема да добијат септемвриски сметки за радиодифузија.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.