Приватните угостители формираа ново здружение – хорекаши

11.10.2017 | 17:14
Прочитано: 2209

Угледот на угостителите е нарушен, се соочуваат со недостиг на кадар, а скусеното работно време не остава простор за заработка, се пожалија угостителите од новоформираното здружение Хорекаши. Здружението кое треба да ги заштити правата на угостителите, бара проблемите да се решат со итно изготвување на Национална стратегија. Стратегијата треба да обезбеди пониски даноци, намалување на инспекциските притисоци и продолжување на работното време до 1 часот по полноќ, независно дали е викенд, лето или зима.

„Зимско, летно, викенд, да биде продолжено работното време за да имаме во тој саат да ги испразниме баровите. Секогаш кога буџетот е послаб, ние сме таргет на инспекциите со казни. Данокот со кои ги набавуваме производите е 5%, а плаќаме 18% за храна.“ - вели Илија Аргировски, член на УО на Хорекаши.

Здружението своите ставови ќе ги брани со економска анализа која ќе ја изработат неколку консултанти, а треба да биде готова до крајот на годината.

Во врска со измените на законот за пушење, членовите на Здружението велат дека не се задоволни во целост, но со нивното изгласување ќе се подигне прометот и ќе се полни државниот буџет со даноци.

„Не сме задоволони, но за старт ќе бараме мали излени на тој закон.“ - вели Јохан Елзесер, претседател на Хорекаши.

Според статистиката од вкупно 700 илјади лица вработени во Македонија, во угостителската и услужната дејност со полно работно време, се вработени 150 илјади лица. Угостителите сметаат дека оваа бројка е многу поголема ако се земат во предвид и сезонските работници и студенти кои работат како келнери.



Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.