Продолжува конститутивната седница на Собранието

20.04.2017 | 14:21
Прочитано: 1618

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Во досегашниот тек од расправата главна тема е тиранската платформа. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека платформата е постизборно подметната и бараат СДСМ да се откажат од неа и да се оди на нови избори.

Од СДСМ, пак, сметаат дека со расправата не се почитува собранискиот деловник и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираат за теми кои не се поврзани со точката на дневниот ред.

Тие побараа да се премине на гласање на следната точка од дневниот ред, односно избор на претседател на Собранието. Согласно договореното, во комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да членуваат шест претставници од ВМРО-ДПМНЕ и пет од СДСМ, а ДУИ и БЕСА да имаат по еден член.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.