Продолжува собраниската сага за смена на Зврлевски

13.08.2017 | 08:45
Прочитано: 2948

Точката за разрешувањето на обвинителот Зврлевски и оваа работна недела им ја продолжи на пратениците во собранието.

Иако собраниската сала речиси полу празна сепак и денеска беше полна со разни теми . Пожарите, бегалската криза, медиумите, невладините организации, договорот за добрососедство беа само дел од темите кои ги наметнуваа пратениците од опозицијата.

Сепак претставниците на парламентарното мнозинство рекоа дека нема да бидат дел од оваа дебата на која се дискутира за се но не и за разрешувањето на Зврлевски, од каде треба да почнат реформските процеси во земјава.

На ова пратениците од ВМРО - ДПМНЕ пак возвратија со прашање, барајќи одговор за какви реформи станува збор, но и ја обвинија владејачката партија за задолжување на земјата. Сепак и денеска не изостанаа расправите на пратениците со собранискиот спикер Џафери.

„Јас навистина не знам зошто толку бесмислени расправи за еден човек, за кој воопшто и не зборувате овдека почитувани колеги од ВМРО-ДПМНЕ. Вие зборувате за бугарски фашистички окупатор, зошто не зборувате за германски фашистички окупатор, за турска отоманска војска, зошто не зборувате  за италијански фашистички окупатор. На сите ни е во интерес да започнеме со реформите“, изјави  Томислав Тунтев од СДСМ.

„Ако треба некој да ја загрева атмосферата денеска, веројатно сменети се улогите.Се надевам дека нема да успее и апелирам да не успее никаков обид за инциденти и кревање на тензии во Собранието. Во моментов не се присутни во салата ни половина од пратениците на СДСМ“, изјави Илија Димовски, ВМРО - ДПМНЕ.

Од опозицијата и денеска потенцираа дека разрешувањето на Зврлевски се коси со Изборниот законик, на што пак пратениците од власта ги обвинија нивните колеги од ВМРО - ДПМНЕ дека го штитат обвинителот поради криминалите кои ги имаат направено.

„Во салава се гледа дека поголема е заинтересираноста кја пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за разрешувањето на јавниот обвинител отколку оние кои се залагаат пред граѓаните дека треба да се разреши“, изјави Даниела Рангелова од ВМРО ДПМНЕ.

„Секој втор или трет разговор на вашата омилена министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска беше или преку Марко или преку Маркота. Сте заборавиле колеги. Прво мора разрешување на Зврлевски, а решението е кај вас. Откажете се од говорите, од репликите“, изјави Петар Атанасов од СДСМ.

Расправата за разрешувањето на обвинителот Зврлевски во собранието почна уште пред месец и половина. Вообичаената пракса на реплики  контра реплики,  процедурални но и паузи  и денеска беше дел од собраниската сала.


Гаврил Сирачевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.