Професорката Каракутовска се закити со меѓународен музички „Оскар" за заслуги за хармониката

08.09.2017 | 00:53
Прочитано: 1254

Универзитетската професорка по хармоника од Факултет за Музичка Уметност (ФМУ) - Зорица Каракутовска, синоќа во театарот Ла Нуова Фениче во градот Осимо, Италија, ја доби светската награда "CIA Merit Award" за 2017 година. Наградата се доделува година од 1963 година, а Зорица е најмладата добитничка досега и единствена од Македонија.

Ова е меѓународно признание кое се смета за ОСКАР за посебни заслуги и постигнати успеси во светот на хармониката. Секоја година, Светската Унија на Хармоникашите, членка на Меѓународниот Музички Совет на УНЕСКО, доделува награди на истакнати музичари. Годинава, на зимскиот конгрес кој се одржа во Нирнберг, Германија, престижната MERIT AWARD Унијата и' ја додели на проф. Каракутовска, Претседателка на македонското здружение на хармоникашите.

Со добивањето на оваа награда, проф. Каракутовска се најде во елитата на хармоникаши со Јури Шишкин, Фридрих Липс, Вјачеслав Семјонов, Анатолиј Кусјаков, Мика Вауринен и други. Наградата и' беше доделена на гала-концерт во рамките на 70-та јубилејна манифестација "Куп Мондиале" кој се одржува деновиве во Осимо, Италија.


Италија - Огнен Јанески
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.