Протест на мајки пред Владата на Црна Гора

16.02.2017 | 15:05
Прочитано: 1522

Црногорската полиција ги спречи жените кои се собраа пред владата во Подгорица, насилно да влезат во објектот, гневни заради тоа што Владата ги намали надоместоците за мајките со три и повеќе деца. 

Тие ја пробија металната ограда пред Владата на Црна Гора и дојдоа до самиот влез на зградата на извршната власт, при што дошло до туркање со полицијата. 

Неколку илјади жени, меѓу кои најмногу мајки со три и повеќе деца, незадоволни поради намалувањето на социјалните надоместоци скандираа и протестираа.

Надоместокот за мајките со три и повеќе деца се намалија од 336 на 264 евра, и од 192 на 144 евра. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.