Протест пред „Повардарие“ поради неплатено грозје

17.10.2017 | 15:13
Прочитано: 795

Продолжуваат протестите на лозарите  пред винарската визба „Повардарие“ од Неготино поради неплатено грозје.

Тие се закануваат дека доколку не ги добијат парите, ќе ги блокираат и патиштата од Неготино кон Штип и Кавадарци.

Тие побараа да дојде финансиска полиција да ја преиспита целата ситуација, бидејќи, како што наведуваат, грозјето било откупено, а неплатено.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.