Протести – НЕ за „Луково поле“, се бара спас за Радика

15.02.2014 | 16:33
Прочитано: 2539
Спас за Радика – не за Луково поле и Бошков мост – жителите на дебарско-реканскиот регион и екологистите со мирни протести го кренаа гласот. 
 
Бараат од Владата да ги прекине проектите Луково поле и Бошков мост со кои се предвидува изградба на електроенергетски објекти во Националниот парк Маврово. жителите од тој регион и порачаа на власта – Радика не е ниту ваша ниту на ЕЛЕМ, таа е на реканците.
 
Со сличен став и екологистите. Сметаат дека ако се реализира овој проект,  на Националниот парк Маврово му претстои еколошка катастрофа.
 
Изградбата на браната и зафаќањето на водите на реката Радика и нејзино пренасочување во друг тек е најтешка форма на еколошки и морален криминал тврдат организаторите. Според нив,  постои и огромна закана за исчезнување на над 150 ендемски видови.
 
Финалната студија за проектот е најавена за јуни. Ќе треба да содржи и проценка за ризиците врз животната средина. Сепак, за Луково поле ќе треба и поддршка од Албанија. Министрите за економија и животна средина Ваљон Сарачини и Абдулаќим Адеми пред албанскиот премиер Еди Рама неодамна ветија дека нема да се преземе ништо, без да се консултираат соседите. 
 
Протести против проектот беа одржани и во Тирана. Ее повеќе се окрупнува и поддршката на екологистите. Организаторите најавуваат уште поголеми демонстрации во целиот регион.

Михајло Видимлиски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.