Протести на илјадници Романци во 10 градови поради даночни прописи

13.11.2017 | 09:38
Прочитано: 513

Илјадиници Романци учествуваа во антивладини протести низ целата држава против  новите даночни измени за кои сметаат дека ќе предизвикаат намалување на платите.

Романската влада на 8 ноември со декрет усвои непопуларна мерка со која трошоците за плаќање придонес за социјално осигурување се префрлаат на работниците што досега беше обврска на работодавецот.

По усвоените мерки, вредноста на националната валута се намали на најниско ниво од 2012 година.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.