Прва прес конференција на Трамп

11.01.2017 | 20:41
Прочитано: 1496
Ден по прошталниот говор на претседателот во заминување Барак Обама, Доналд Трамп денеска во Њујорк ја одржа првата прес-конференција по изборот, на која наведе дека мисли дека Русија стои зад хакерските напади на демократската партија. Трамп на почетокот на прес-конференцијата им се заблагодари и на дел медиумите кои не ги објавувале лажни вести за него.
 
Се наоѓам на позната територија, мислам дека номинацијата ја добивме благодарение на прес конференции, убаво е да се биде со вас, но престанавме со прес конференции затоа што почнаа да се објавуваат лажни вести
 
Ново избраниот претседател на САД ги негираше неодамнешните податоци за досие со тврдења дека Русија има компромитирачки материјали за него, а изјави дека Русија стои зад хакерскиот упад на Демократската партија.  На прес конференцијата Трамп ги нападна и медиумите, особено СНН, за кои упати обвинувања дека креираат лажни вести и дека работат против него. 
 
„Мислам дека е срамота што овие информации излегоа во јавноста, ги видов и прочитав информациите надвор од средбата. Се работи за лажни вести кои не се случиле и потекнуваат од нашите противници“ 
 
Во врска со обвинувањата дека сајбер нападите биле со цел рускиот претседател Владимир Путин да му помогне во кампањата, Трамп рече дека добрите односи со него ги смета за предност.
 
„Ако Путин го сака Доналд Трамп тоа го сметам за предност, бидејќи имаме лоши односи со Русија. Што се однесува до хакирањето, мислам дека зад него стои Русија, но исто така сметам дека сме биле хакирани и од други земји и луѓе“ 
 
Трамп се осврна и на здравството, најави отповикување на здравствената заштита наречена обамакер и нејзина замена со нова, а не изостана ниту предизборното ветување за изградба на ѕидот на границата со Мексико. Ианугурацијата на Трамп, кој ќе биде 45 претседател на САД ќе се одржи на 20 јануари.

Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.