Пунктот за бездомници во Момин поток ќе работи деноноќно, се отвораат три нови регионални

06.12.2017 | 15:03
Прочитано: 717

Зимата е на прагот, а голем број од бездомниците се се уште на улица, дел од нив спијат и се мрзнат сонувајќи за топол дом и парче леб.  Најавите за ниските температури го вклучија алармот кај надлежните. Бездомните лица во екот на ниските  температури ќе бидат згрижени во пунктот за бездомници Момин поток, и ќе да ги добијат сите услуги. Пунктот ќе работи деноноќно во наредните три месеци велат од Црвениот крст на Град Скопје.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска при посетата на пунктот рече дека годинава Македонија подготвено ја пречекува зимата со отворање и на три дополнителни пунктови кои ќе работат како регионални центри, во Струмица, Струга и Битола.

Таткото на градот  Скопје Петре Шилегов истакна дека Градот за наредната година за триесет проценти ќе ја зголеми поддршката за функционирање на овој пункт.

Во текот на минатата година пунктот го користеле 54 лица,  но оваа година поради зголемениот капацитет бројката на лица која што би можеле да се згрижат  е од 90 до 120 лица.


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.