Работнички противник за мерак, на Пелистер тешко му се пишува

19.06.2017 | 14:48
Прочитано: 16214

Во Нион се одржа ждрепката и за квалификациските кола од Лига Европа, а во првото од нив Македонија има три претставника. Од сите, најсреќен беше Работнички, а најтешка судбина го снајде Пелистер.

Освојувачот на Купот на Македонија ќе игра против Лех Познањ, една од најдобрите полски екипи која неретко стигнува и до групната фаза од европските натперварувања. Лех беше шампион на Полска последно во 2015 година.

Работнички, од друга страна, максимално ја искористи позицијата на носител во ждрепката и за противник го доби Тре Пене од Сан Марино. Шкендија допрва треба да покаже дали вицешампионот на Молдавија, Дачија Кишињев е пречка која може да се премости.

Првите натпревари се играат на 29 јуни, а реваншите една недела подоцна, на 6 јули.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.