Ракометарите почнуваат со подготовки за ЕП во Хрватска

18.12.2017 | 20:17
Прочитано: 453

Дел од македонската ракометна репрезентација денеска ги почна подготовките за претстојното Европско првенство во Хрватска во јануари 2018.

Иако официјалниот старт на подготовките селекторот Раул Гонзалез го закажа за 25 декември, сепак денеска, Стојанче Стоилов, Гоце Ојлески, Мартин Поповски и Горан Крстески ќе одработат со асистентот на селекторот Роберто Парондо.

Целта е играчите кои порано ги завршија обрските со своите клубови да останат во тренажен процес. На овој квартет, во наредните денови се очекува да се пликлучат дел од играчите на Металург кои вчера имаа настап во СЕХА лигата, клако и неколкумина интернационалци.

Официјалниот собир е наредниот понеделник, (25 декември), а комплетниот тим Гонзалес на располагање би требало да го има ден подоцна, со приклучувањето на интернационалците од Бешикташ,Филип Лазаров и Прибак, како и Миркуловски и Талески од Бундес лигата.

На последниот список на Гонзалез има 21 ракометар, од кои ќе се гради тимот за европскиот шампионат кој за црвено-жолтите ќе стартува на 13 јануари со дуелот против Словенија.

Покрај Словенците, противници на Македонија во првата фаза во Загреб, а во рамките на Ц групата, ќе бидат и селекциите на Германија и Црна Гора.

Само најслабо рангираната селекција нема да се пласира во главната фаза.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.