Ракометарките загубија во првата контрола со Србија

17.03.2017 | 19:18
Прочитано: 1265
Најсилниот македонски состав со ракометарки денеска загуби од Србија во првиот од двата предвидени контролни меча. и двете репрезентации не беа комплетни, но Србинките беа поуспешни во „Автокоманда“, со 29:35.
 
Поквалитетниот противник успеа да ја наметне својата игра, особено во второто полувреме. србинките дојдоа засилени со Сања Дамњановиќ, но без Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ и без уште неколку стандардни ракометарки. Сепак, хендикепиран беше и македонскиот тим, без капитенот елена ѓорѓиевска, без Марија Николиќ, Марија Прленда, Дејана Јовановска и без Габриела Величковска.
 
Селекторот Симе Симовски ќе има шанса за ново воигрување и за поправање на впечатокот од денешниот меч веќе утре, од 11 часот, во малата сала во „Јане Сандански“. И двата натпревари се контрола за формата на Македонија пред баражот за Светското првенство во Германија, кој го играме против фаворизираната Шведска, на 10 јуни во Скопје и на 13-ти во Истадс.

Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.