Расправата за разрешувањето на Зврлевски ќе продолжи утре

12.08.2017 | 19:14
Прочитано: 2800

Претседателот на Собраниеот Талат Џафери го закажа 10-тото продолжение на седницата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски за утре во 11 часот.

На реакциите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека не се дискутира за други теми во Собранието и на нивното барање во недела да не работат, претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека токму тие со бројните реплики на нивните говорници ја поставиле динамиката на работа.

„Како да дојдеме до следни точки од дневниот ред додека не ја исцрпиме оваа седница. Нема поинаков начин како да ја водам седницата“, рече Џафери.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во попладневниот дел од денешното продолжение на шестата собраниска седница укажуваа дека со точката за разрешување на државниот обвинител Марко Зврлевски СДСМ троши време за тема која епилог законски може да има во ноември, наместо да дебатираат за актуелни проблеми како што се пожарите, депонијата во Струга или за законот за јазици.

Томислав Тунтев од СДСМ нагласи дека членот од Изборниот законик на кој се повикуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се однесува на Зврлевски зашто на седницата не се разговара за престанок на работен однос или за вработување, туку за престанок на мандат на функцијата државен јавен обвинител.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.