Разрешени директорите Братислав Димитров и Јелена Жугиќ

14.07.2017 | 15:21
Прочитано: 19782

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска донел решение и ги разреши директорите во Театар за деца и младинци – Скопје, Братислав Димитров, како и на Театар Комедија – Скопје, Јелена Жугиќ. 

Како вршителка на должноста директор во Театарот за деца и младинци – Скопје е именувана Катарина Илиевска - Силјановска, додека за вршителка на должноста директор во Театар Комедија – Скопје е именувана Мирјана Поповска - Ристов.    

„Единствена цел на назначувањето на в.д директори е итно да се ослободат клучните институции, кои беа заробени од кадри што се под целосна контрола на Никола Груевски, кадри врз основа на кои се штимале систематизацијата и критериумите. Воедно, ве известуваме дека во најскоро време ќе биде предложена измена на Законот за државни службеници, со цел да се одблокираат институциите и да се обезбеди демократски трансфер на власта во сите ресори“, се вели во соопштението од Министерството за култура. 

Оттаму најавуваат дека веднаш штом за тоа се исполнат законските услови ќе биде распишани конкурси и ќе спроведе постапки за избор и именување на нови директори.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.