Разрешувањето на Марко Зврлевски на седница по 18 часот?

16.07.2017 | 20:17
Прочитано: 18338

Разрешувањето на Марко Зврлевски остана заглaвено во собраниските калкулации - кога и дали накоро ќе продолжи сите креваат раменици.

Можности има - собранискиот спикер Џафери може да го свика  Собранието и да ја отвори шестата седница – брифираат извори од парламeнтарното мнозинство. Седниците на комисијата за финансирање и буџет, според истите извори, ќе се водат во работни денови од 11 до 18 часот, што велат му дава можност на Џафери по седницата или за викенд да го свика Собранието.

Пратениците од владеачкото мнозинство веќе  се откажаа од збор за Зврлевски  за побрзо да се премине на гласање, бидејќи нивните колеги од опозицијата упорно држеа на својата позната тактика да си реплицираат меѓу себе. За збор останаа пријавени околу 10-тина пратеници, па дури и со реплики и контрареплики, според проценките на мнозинството  постои можност расправата да заврши за брзо и со 61 глас Собранието да го разреши Зврлевски.

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски остана заглавен поради меѓусебните реплики на пратениците од ВМРО- ДПМНЕ. Освен тоа, заглавена остана и 8-та седница на чиј дневен ред се предлозите за заменици на генералниот секретар и измените на седум закони поднесени од опозицијата.

Остана да „виси“ и барањето на Заев на затворена седница да се разгледува нацрт- договорот со Бугарија. Согласно Уставот, потребно е двотретинско мнозинство за да јавноста биде исклучена од расправата во законодавниот дом. Спикерот Џафери денеска остана недостапен за одговор дали во текот на неделата ќе го свика Собранието да расправа за овие теми.


Христијан Баневски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.