Разрешувањето на Зврлески стигна во Собрание

19.06.2017 | 18:44
Прочитано: 5234
Собраниските служби го добија предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски. Мнозинството очекува дека спикерот Талат Џафери предлогот ќе го стави на седница веќе идната недела и дека тој ќе помине без опструкции. 
 
Сепак, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не ја открива стратегијата како ќе настапи на седницата на која ќе се расправа за разрешувањето на Зврлевски. Од таму велат дека целата иницијатива за разрешување на Зврлевски е иницирана од премиерот Зоран Заев, кој како што велат, бил фатен за делото поткуп токму од државниот јавен обвинител. 
 
Движењето БЕСА, пак, ќе го поддржи предлогот за разрешување на Зврлевски бидејќи го сметаат за одговорен за катастрофалната состојба во обвинителството и дејствување под политички диктат. Нов јавен обвинител гледаат во експертската фела. 
 
„Знаеме дека досега јавните обвинители биле диктирани од политичките партии или биле под влијание на политичките партии но за да имаме независен правен систем многу е важно пред се да имаме некој човек кој ги разбира работите во јавното обвинителство и да ги исполнува условите но да биде експерт кој е надвор од политиката и ги има сите квалитети кои се потребни и кој ќе се залага за правен систем кој ќе биде подобар и кој ќе ги рееши сите проблеми во правниот систем“, изјави Зендели од Движењето БЕСА.
 
За СДСМ, вистинските реформи во правосудтсвото мора да започнат со разрешување на Зврлевски. Очекуваат конструктва дебата од опозицијата, а не блокада. 
 
„Целата македонска јавност виде како изгледа и до што доведе блокадата и опструкцијата на вмро дпмне и затоа сега не верувам дека една конструктивна опозиција би направила такво нешто. Во инстерес на граѓаните е час поскоро да започнат реформите и за тоа сите имаме консензус затоа што сите политички партии беа потписници на пржинскиот договор и не гледам дека сега има простор за бегање и дека реформите треба да бидат час поскоро. 
 
Коалицискиот партнер на СДСМ, ДУИ ќе го поддржи предлогот за разрешување на Зврлевски.
 
И за Алијансата за Албанците реформите треба да започнат со смената на Зврлевски, а негов наследник гледаат во личност за која ќе биде отворена широка дебата во јавноста. 
 
„Ставот наш е истиот кој го имавме и во кампањата дека е потребнпо независно судство, судство неконтролирано од политиката, декриминализирано судство и во таа насока секоја идеја нарочито за смена на јавниот обвинител Марко Зврлевски ние ќе ја подржиме“, исјави Рушиди од Алијансата за Албанците. 
 
Зврлевски може да присуствува на седницата на Собранието и да се произнесе за предлогот за неговото разрешување, но тој ниту денеска не беше достапен за коментар дали ќе го искористи ова законско право. 
 
По усвојување на предлогот за разрешување, Владата распишува оглас за избор на нов прв човек на јавното обвинителство. Огласот трае 15 дена, а потоа Советот на јавни обвинители треба да даде мислење за сите пријавени кандидати. И според законот, но и според најавите јавниот обвинител може да доаѓа од фелата, но и од редот на универзитерски професори кои работат на правосудната практика. Во јавноста веќе се споменуваат имиња на професори, адвокати и обвинители кои би седнале на местото на Зврлевски. 

Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.