Ребаланс на буџет 2017

17.07.2017 | 17:49
Прочитано: 1984
Во ребалансот не се предвидени пари за зголемување на пензиите и социјалните надоместоци, а има зголемување на ставките за плати во речиси сите институции, обвини ВМРО-ДПМНЕ на правиот ден од расправата за ребаланост на собраниската комисија за финансирање и буџет.
 
Во ребалансот не се предвидени пари за зголемување на пензиите и социјалните надоместоци, а има зголемување на ставките за плати во речиси сите институции, обвини ВМРО-ДПМНЕ на правиот ден од расправата за ребаланост на собраниската комисија за финансирање и буџет.
 
Расправата почна со излагањето на министерот Тевдовски кој рече дека станува збор за ребаланс со кој се скратени средствата каде имало слаба реализација, но и дека се работело на  одземање на комодитетот на носителите на власта. Од иницијално проектираните 792 милиони денари, Владата ќе има на располагање 266 милиони денари.  
 
„Единствена здрава опција за ребалансот беше намалувања на непродуктивните трошења од носителите на власта, како што службени патуваљња, репрезентации, промоции и рекламирање.“ - изјави Тевдовски.
 
На првиот ден од расправата најгласана беше претседателката на комисијата Лилјана Кузмановска, која два пати застана на говорница. Праша дали новата Владата ќе продолжи со привлекување на странските инвестиции кои помогнале во зголемувањето на вработеноста. Кузмановска обвини дека со ребалансот се обезбедени пари за вработување на луѓето од шарената револуција, а се крати од капиталните инвестиции. 
 
„Се зголемува во плати во агенцијата за разузнавња, комисијата за заштита на конкуренцијата, државната комисијата за жалби по јавни набавки, регулаторната комисија на домување. Тоа не е буџет кој значи штедење.“ - изјави Лилјана Кузмановска, претседател на комисијата.
 
Кузмановска праша и зошто владата ќе ги зголеми даноците, кога има добар прилив во буџетот по принципот на рамен данок. На тоа реплицираше Тевдовски.
 
„Немојте да ги плашите граѓаните Ако некому ова не му се допаѓа, треба да се запраша на која страна е.“ - изјави Тевдовски.
 
Ставката за плати со ребалансот е намалена за 158 милиони денари, а само за апанажа на поранешните функционери државата ќе плаќа 42 милиони денари. Тевдовски рече дека Владата го преборајала долгот кон стопанството и ќе го објави до крајот на неделата. За одплаќање на натрупаните сметки, новата Владата договара заем со Светска банка. 

Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.