Ребалансот на буџетот утре во Собрание

16.07.2017 | 17:51
Прочитано: 3183

Осумстотини и четириесет амандмани стигнале до комисијата за финансирање и буџет, на која утре ќе почне расправата за ребаланост. 

Најмногу амандмани има од ВМРО-ДПМНЕ седумстотини и шест. СДСМ не дала ниту еден, а останатите 134 амандмани се од албанските партии.

Партијата која до вчера беше на власт ќе инсистира во ребалансот да има пари за проекти кои се предвидени во нивната изборна програма, но и такви кои дошле од локалното население.

ВМРО - ДПМНЕ бара да има пари за три гасоводни проекти. Гасоводот Скопје – Тетово - Гостивар. Поврзување на Битола – Охрид- Ресен и Струга и секако, гасификацијата на Скопје.

Со амандманите се бараат пари за обештетување на охриѓани кои имале материјални штети, како последица на серијата земјотреси, нова гимназија во општина Аеродром, набавка на педесет електронски автобуси, пожарна во Кисела Вода и Бутел. 

Еве што друго ќе бара ВМРО ДМПНЕ:

-Финансиска помош за бизнисот во рурани средини 

-Пари за купи куќа купи стан

-Два кружни тека на булеварот Св Кирил и Методиј. Едниот да биде кај Нова Македонија, а другиот на почетокот, пред подвозникот кон Пржино.

-Пари за автопатот Гостивар -Кичево Охрид, ваучери за студенти за компјутрери, како и проектна докуметација за обиколница за Велес.

Од сите министерства со ребалансот, најголемо е кратењето  кај Министерството за образование и наука за цели 21 милион евра. И полицијата до крајот на годината ќе има помалку пари за трошење 6,7 милиони евра. Од друга страна пак, Министерството за информатичко општество и администрација ќе има на располагање повеќе од 2,5 милиони евра.

Со ребалансот ќе има четириесет и седум милиони евра помалку за трошење. Од СДСМ велат дека се скратени непотребните и скапи трошоци, а парите се враќаат назад кон граѓаните. 

„Никогаш повеќе апетите и личните желби на поединци нема да бидат над интересите и потребите на граѓаните како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години, изјави Благој Бочварски, потпретседател на СДСМ.

Според деловникот, расправата за ребалансот на комисијата за финансирање и буџет ќе трае десет дена. За ребаланост расправа ќе има и на законодавно-правната комисија. За најмногу дваесет дена изменетиот буџет ќе стигне на пленарна седница во Собранието. Расправата таму може да трае најмногу пет дена.   


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.