Реформи во високото образование

18.08.2017 | 09:36
Прочитано: 5170

Најстариот Универзитет„ Св. Кирил и Методиј“  ги отвори  вратите за идните студенти. Тие  уште на првиот ден од уписите побрзаа да  ја поднесат  потребната документација за упис на првиот  циклус студии во учебната 2017/2018 година.  Идните бруцоши веруваат дека ја избрале вистинската професија. Правните студии, Англиски јазик и книжевност, превод и толкување, студии по новИнарство и односи со јавноста се само дел од изборот на идните академски граѓани.

„На правни студии. Ме интересираше, ја засакав науката уште од средно и се одлучив на тој чекор“
„Психологија, тоа ме исполнува“
„Англиски и книжевност“, велат дел од анкетираните студенти.

На Правниот факултет Јустинијан  први годинава зголемен е интересот за    студиите по односи со јавноста за разлика од претходните години вели деканот Горан Коевски. Укинувањето на дисперзираните студии според него е само една од мерките кои непотребно беше  воведена, а  која директно влијаеше на квалитетот  на студиите.

„Самите услови за одвивање на овие дисперзиран студии беа несоодветни. Едно е кога ие седите во училница со 100 колеги каде што се развива дискусија и е сосема поинаку отколку еден професор со неколку студенти“, вели Горан Коевски – декан на Правен факултет „ Јустинијан Први 3 – Скопје

Новина од  оваа година  според деканот на правен е практичната  настава за која вели дека е голем недостаток за студентите.

„Најмногу до три месеци во текот на годината студентите да имаат можност и обврска да бидат дел од некоја практична настава. Најголемите забелешки на работодавачите е што добиваат студенти со теоретско, но и не практично знаење“, вели Горан Коевски – декан на Правен факултет „ Јустинијан Први 3 – Скопје.


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.